Администрацијата на затворот во кој се наоѓа Алексеј Навални се заканува дека присилно ќе го храни, бидејќи критичар на Кремљ штрајкува со глад и изгуби 15 килограми откако пристигна во затворот минатиот месец, соопштија сојузниците на затворениот опозициски лидер.
Навални има 77 килограми, што е осум килограми помалку од тежината на почетокот на штрајкот со глад и 15 килограми помалку од тежината за време на неговото пристигнување во казнената колонија, објавено е на официјалниот Твитер профил на Алексеј Навални.
„Увидувајќи ја сериозноста на штрајкот со глад, администрацијата се заканува дека ќе започне со присилно хранење секој ден. Во исто време, Алексеј е префрлен од медицинскиот оддел“, се додава во соопштението.
Сојузниците на Навални тврдат дека затворската администрација не дозволува затвореникот да биде прегледан од надворешен лекар.