Навални очекува „сталинистичка“ казна од 18 години затвор

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој издржува затворска казна, денеска изјави дека очекува да добие уште една, како што вели, „сталинистичка“ казна од приближно 18 години.

– Тоа ќе биде долга казна, таканаречена „сталинистичка“ – рекол Навални во објава на својата веб-страница пред изрекувањето на пресудата, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека обвинителството побарало 20 години, а очекува да добие затворска казна од 18 години.

Навални веќе отслужува затворска казна од 11,5 години за проневера и други обвиненија за кои тврди дека се лажни.

Неговото политичко движење е забрането со закон во Русија и прогласено за екстремистичко.

Слични содржини