Навални повторно е труен?

од Nikola Popovski
111 прегледи

Најистакнатиот руски опозициски политичар, Алексеј Навални, во затворот трпи силни стомачни болки кои би можеле да бидат последица на отров со бавно дејство, изјавил денеска блискиот сојузник на Навални, Руслан Шавединов.

Тој во телефонско интервју за „Гардијан“ известил дека состојбата на Навални е критична и дека е многу загрижен поради тоа, а затворските власти одбиле да го однесат Навални во болница.

Шавединов изјавил дека минатата недела била повикана брза помош во максимално безбедносната казнена колонија ИК-6 во Мелехово, околу 250 километри источно од Москва, каде Навални ја отслужува затворската казна.

Ројтерс пренесува дека Кремљ наведува дека не ја следат здравствената состојба на Навални и дека тоа е работа на Федералната поправна служба.

Поправната служба, која во минатото ги негираше наводите дека нејзините вработени го малтретирале Навални и рече дека тој секогаш добивал медицинска помош кога е потребно, не одговориле веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Навални, кој во моментов отслужува комбинирана казна од 11 години и шест месеци за измама и непочитување на судот по обвиненијата за кои тврди дека биле измислени за да го замолчат, во вторникот на Твитер објави дека бил вратен во самица и принуден да биде во „ екстремни пеколни“ услови.

Германската влада во средата објави дека е многу загрижена поради влошувањето на здравствената состојба на Навални. Ројтерс не можеше самостојно да ја потврди состојбата на здравјето на Навални.

Слични содржини