Навални пренесен во болница поради можно респираторно заболување

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, е пренесен во болница поради можни респираторни заболувања и тестиран на коронавирус, објави во понеделникот весникот „Известија“, повикувајќи се на затворската служба, пренесува „Ројтерс“.

Навални претходно изјави дека има треска и силна кашлица и дека тројца од 15-те затвореници во неговото одделение се лекуваат во болница од туберкулоза.

Четириесет и четиригодишниот Навални, еден од најистакнатите критичари на претседателот Владимир Путин, минатата недела објави дека штрајкува со глад.

Навални тврди и дека управата во затворот не му обезбедила соодветна медицинска нега за акутни болки во грбот и нозете.

Слични содржини