Навални се пожали оти нема пенкало и хартија во затвор, судот ја одби неговата жалба

од Nikola Popovski
333 прегледи

Рускиот Врховен суд во четвртокот ја отфрли жалбата на притворениот критичар на Кремљ и опозиционер, Алексеј Навални, кој се пожали дека затворот не му обезбедил опрема за пишување, пишува рускиот независен портал „Медиазона“.

Навални, најистакнатиот член на руската опозиција, отслужува затворска казна од 11 и пол години за наводна измама и други обвиненија за кои рече дека се измислени за да го замолчат. Нему му се суди и за низа други кривични дела, поради што може да остане во затвор уште неколку децении.

Поранешниот адвокат е главно во самица во затворот ИК-6 во Мелеково, место оддалечено 235 километри источно од Москва.

Навални се жалеше до тамошниот Врховен суд, сметајќи дека властите не требало да одбијат да му дадат пенкало и хартија, што е право на сите приведени.

„Не барам дополнителна храна. Не барам елка за мојата ќелија. Станува збор за фундаменталното човеково право на хемиско пенкало и парче хартија да се напише писмо или жалба до судот“, ги пренесува „Медиазона“ зборовите на Навални.

Неговата жалба помина низ низа пониски судови пред да биде отфрлена од највисокиот.