Навални требало да биде ослободен, чекал размена: Одлуката била донесена дента пред да почине

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални бил подготвен за размена, која требало да се случи непосредно пред неговата смрт.

Како што на својот Јутјуб профил објави десната рака на починатиот опозициски лидер Марија Певчик, Навални и уште двајца американски државјани чекале да бидат разменети со убиецот на руската безбедносна служба Вадим Красиков.

Поранешен член на ФСБ отслужува доживотна затворска казна во Германија.

Певчик не ги наведе имињата на двајцата затвореници кои чекале размена заедно со Навални, но САД наведоа дека се обидуваат да го „вратат“ Еван Гершкович, известувач на Wall Street Journal и Пол Вилан, поранешен американски маринец.

„Алексеј Навални можеше да седи на ова место токму сега, токму денес. Тоа навистина можеше и требаше да се случи“, рече Певчик.

„Навални требаше да замине во следните неколку дена бидејќи добивме решение за неговата размена. На почетокот на февруари на Путин му беше понудено убиецот, офицерот на ФСБ Вадим Красиков, кој отслужува казна за убиство во Берлин, да го размени за двајца американски државјани и Навални“, додаде таа.

Певчик рече дека има потврда дека преговорите за размена се завршени вечерта на 15 февруари.

Навални, тврди таа, бил убиен еден ден подоцна бидејќи, како што наведе, „Путин не можел да ја толерира помислата да биде слободен“.

Певчик додала дека од почетокот на војната во Украина, сојузниците на Навални работеле на план да го извлечат од Русија како дел од размената на затвореници.

„Официјалните лица, Американци и Германци, кимаа со главите во знак на разбирање. Зборуваа за тоа колку е важно да им се помогне на Навални и политичките затвореници, се ракуваа, ветуваа и ништо не направија“, заклучи таа.

Шефот на украинската одбранбена разузнавачка служба Кирил Буданов изјави дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални починал од природна смрт, поточно од згрутчување на крвта, пишува „Украинска правда“.

Слични содржини