Навас го напушти ПСЖ: Костариканскиот голман се сели во Серија „А“

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Костариканскиот репрезентативец Кејлор Навас го напушти Пари Сен Жермен и стана нов голман на Монца, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

На Навас му истече договорот со клубот од Париз, а бидејќи не се зборуваше за продолжување, тој го напушти тимот на Луис Енрике. Претходната сезона ја мина на позајмица во Премиер лигата каде настапуваше за Нотингем Форест.

Подемот на искусниот голман се случи по Светското првенство во 2014 година, каде бранеше фантастично во репрезентативниот дрес. Одличните игри беа наградени со трансфер во Реал Мадрид каде остана до 2019 година.

Потоа се пресели во Пари Сен Жермен каде беше прв голман до доаѓањето на Џанлуиџи Донарума. Италијанецот беше прв избор, а Навас после тоа беше главно замена. Во својата кариера ги носеше и дресовите на Леванте, Албасете и Саприза.

Од следната сезона ќе игра во Серија А, а во Монца ќе го замени најдобриот голман на италијанскиот шампионат во претходната сезона, Микеле Ди Грегори, кој замина во Јувентус.

Слични содржини