Навас кажа „да“ за трансфер во Наполи

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Голманот Кејлор Навас кажал да за трансфер од Пари Сен Жермен во Наполи, тврди „Екип“. Тоа не беше најлесната одлука, но голманот ја донесе бидејќи знае дека ќе биде број 2 во тимот зад Џанлуиџи Донарума и тоа не е добро за него со оглед на претстојниот Мундијал на кој ќе игра со селекцијата на Костарика.

35-годишниот голман има договор со ПСЖ до 2024 година, а сега двата клуба мора да се договорат за трансферната сума.

Клубовите преговараат и за трансфер на играчот од средниот ред Фабијан Руиз, но во спротивна насока – од Наполи во Пари Сен Жермен.

Постојат неколку опции за договорот – Навас да биде продаден, позајмен на една сезона со опција за купување или вклучен во договорот за Руиз.

Во случај на заминување на Кејлор Навас, Серхио Рико ќе биде втор голман на францускиот шампион.

Слични содржини