Кошаркарите на Далас го совладаа Феникс со 111:101 во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на Западот и со тоа израмнија на 2:2.
Натпреварот го одбележа инцидентот што се случи на трибините.
Еден навивач ги нападнал мајката и сопругата на кошаркарот на Феникс, Крис Пол.
Имено, некој наводно ги ставил рацете на мајката на Пол и ја оттурнал неговата сопруга на трибините. На видеото не се гледа нападот, туку само моментот кога обезбедувањето бара млад човек да ја напушти салата, што тој го прави во друштво на жена.
Пол му се развикал и му рекол дека подоцна ќе се пресмета.
По натпреварот, Американецот на Твитер напиша:
„Ги казнуваш играчите кога фрлаат нешто кон навивачите, а навивачите можат да ги стават рацете на моето семејство“, напиша Пол.
Мавс издадоа соопштение за медиумите по инцидентот.
„Тоа беше неприфатливо однесување и нема да се толерира. Навивачот веднаш беше исфрлен од салата“.
Пол дефинитивно ја немаше својата вечер. Тој го заврши натпреварот порано со шест прекршоци и постигна само пет поени.