Навивач на Милан прободен со нож во стомак поради расправија за дрес

од Aleksandar Petrovski
262 прегледи

Меѓу двајцата навивачи на Милан, дошло до конфликт по мечот со Болоња (3:2) одигран синоќа во рамките на 15. коло од Серија А.

Според италијанските медиуми, спорот се појавил затоа што навивачите не можеле да одлучат кој од нив ќе го задржи дресот на еден од играчите на Милан. Како резултат на кавгата, еден навивач со нож го прободел другиот во стомакот.

Повредениот бил однесен болница во Болоња.

Според последните извештаи, несреќниот фан има сериозна повреда, но неговиот живот не е загрозен.

Слични содржини