Жозе Мурињо доживеа се со навивачите: љубов, омраза и сè измеѓу, но она што му се случи пред еден од тренинзите на Рома сигурно никогаш не го доживеал.
Навивач од Шпанија со својата девојка го посетил теренот на кој Рома требало да има тренинг со надеж дека ќе се сретне со „Специјалниот“ и успеал во тоа.
По задолжителната фотографија, Мурињо тргнал на своите обврски, но навивачот сепак го запрел и го замолил да остане, бидејќи сакал да ја запроси својата девојка пред него.
Португалскиот тренер на почетокот делувал збунето, не знаејќи што се случува, но набрзо сфатил за што се работи и со насмевка ја проследил сцената.
„Се знаеме 24 години. Барам од тебе да ми ја направиш оваа чест. Дека не се изгубиме еден со друг затоа што постојано сме далеку еден од друг на нашите животни патеки. Сакаш ли да се омажиш за мене?“, ја прашал младото момче својата девојка додека Мурињо се насмевнал.
Forse questa mancava nel palmares di José Mourinho 👩❤️💋👨#ASRoma pic.twitter.com/KZuVdlpHIB
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 22, 2022
Тренерот на Рома на тој начин несвесно станал првиот сведок на запросувањето на младиот Шпанец, кој ја поддржува Рома и нејзиниот тренер.