Навивач падна од трибина на ЕП и остана без свест, итно пренесен во болница

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

На натпреварот помеѓу Полска и Австрија во второто коло од групата Д на Европското првенство, медицинските тимови морале да реагираат по инцидент.

На натпреварот во Берлин, членовите на медицинската служба на стадионот имале полни раце работа откако полски навивач завршил во болница откако паднал од трибините.

Според пишувањата на германските медиуми, навивачот паднал од висина од три метри.

Портпаролот на тамошната брза помош потврди л ека несреќниот навивач паднал од трибината и дека му била укажана итна медицинска помош.

Тој се здобил со повеќе повреди, накратко бил без свест и веднаш бил пренесен во болница каде е задржан на понатамошно лекување.

Во извештајот на берлинската полиција стои дека немало знаци на некаква расправија или тепачка пред немилиот инцидент.

Се верува дека падот е предизвикан од несовесноста на навивачот.

Слични содржини