Навивач влета на теренот со ЛГБТ знаме за време на интонирањето на унгарската химна (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
399 прегледи

Навивач влета на теренот за време на интонирањето на химната пред почетокот на натпреварот помеѓу Унгарија и Германија на Европското првенство.

Натпреварот помеѓу Унгарија и Германија го означи обидот на Германците да го осветлат стадионот во Минхен со боите на виножитото, со цел да се обезбеди поддршка на истополовите заедници.

Поради тоа, навивач влета при интонирањето на унгарската химна и разоткри пред сите знаме во боја на виножито, по што беше соборен на тревата и изнесен од теренот.

ФОТО: АП

Слични содржини