Навивачи спречија трансфер на фудбалер поради вмешаност во порно-скандал

од Nikola Popovski
272 прегледи

Легендарниот Шалке, кој испадна во втората Бундеслига поради очајни резултати, ова лето се обиде да ги засили редовите, но трансферот на еден играч беше спречен од навивачите.

Според германски „Билд“ и бројни други медиуми, тие се обиделе да го доведат шпанскиот напаѓач Серхио Енрико, кој играше за Еибар, но трансферот пропаднал поради неговото минато.

Пред пет години, Енрик снимил сексуална сцена со својот соиграч Антонио Луна и една девојка. Таа не дала согласност за да биде снимена, па двајцата фудбалери завршиле на суд.

По пет години, тие биле осудени на две години условна казна затвор и казна од по 100 илјади евра.

Кога се појавија информации за неговото доаѓање, навивачите извршиле притисок на профилите на клубот на социјалните мрежи со цел да го спречат неговото доаѓање.

Енрико дошол и за медицински прегледи, но клубот сепак се откажал од негово доведување.

Информациите за преговорите ги потврди и самиот клуб.

Слични содржини