Навивачите на Ал-Наср се бесни на Роналдо: „За ова му плаќаме 200 милиони евра?“

од Vladimir Zorba
87 прегледи

И покрај победата, Ал-Наср се уште заостанува неверојатни десет бода зад лидерот Ал-Итихад и нема шанси да ја освои титулата во последните 11 кола во саудиската Про лига.

Единствена шанса за трофеј му е Лигата на шампионите во Азија, но навивачите на социјалните мрежи почнаа да изразуваат големо незадоволство од Кристијано Роналдо. Клубот на Португалецот плаќа 200 милиони евра по сезона, но неговото доаѓање не го донесе очекуваното.

Роналдо веќе две сезони е во Ал-Наср и не успеа да ја освои титулата во лигата. Дополнително, гледаноста е значително помала, па една фан страна синоќа објави фотографија на која се гледа гледаноста од натпреварот против Ал-Куолод.

Универзитетскиот стадион „Кинг Сауд“ има капацитет од 26.000 луѓе, а за тој меч беше исполнет помалку од половина. Навивачите тврдат дека во ерата на Роналдо има уште помалку гледачи отколку пред неговото доаѓање.

„Дали за ова му плаќаме 200 милиони евра?“, „На луѓето им е преку глава од пенали“, „Петиција за поништување на договорот на Роналдо“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме дека 40-годишниот Роналдо пристигна во Ал-Наср во декември 2022 година како слободен играч. Тој потпиша договор до летото оваа година, но наводно се согласил да го продолжи до следното лето.

Досега одигра 96 натпревари и постигна 85 гола со 19 асистенции.

Слични содржини