Навивачите на Челси до Мареска: Играме лош фудбал, загрижувачки е колку сте во заблуда!

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Навивачите на Челси се лути на менаџерот Енцо Мареска поради неговите нереални изјави по поразот од Арсенал со 0-1 во лондонското дерби.

Микел Мерино им донесе успех на „топџиите“, а по мечот тренерот на „сините“ објави дека неговиот тим го контролирал мечот и одлично се снашол против противникот. Сепак, ова ги налути поддржувачите.

„Ја контролиравме играта??? Загрижувачки е колку е во заблуда. Секогаш да ја враќате топката назад и да ја имате на своја половина, не значи дека ја контролирате играта. Воопшто не им отежнавме. Арсенал не натера да играме на крилата и прилично лесно го затвори центарот“, напиша симпатизер на социјалната мрежа Х.

„Овој тип е во сериозна заблуда. Разликата во играта беше што Арсенал сакаше да победи и знаеше како, а ние немавме намера да го сториме тоа“, додаде друг.

„Најиритирачки не е тоа што гледал некој друг натпревар. Полошо е што мисли дека сме идиоти и луѓе кои не можат да видат колку сме лоши. Ова е смешно“, вели трет.

„Дефинитивно не ја контролиравме играта и нивниот голман одбрани само еднаш. Од 508 додавања, 313 ги направија дефанзивците или голманот. Ова е страшен фудбал“, го сподели своето мислење четвртиот навивач.

„Немаше да постигнеме гол дури и да игравме цела ноќ. Бевме досадни и немавме идеја што да правиме. Страшно е да се гледа“, вели друго мислење.

Слични содржини