Лучијано Спалети, тренерот на Наполи веќе ја нема поддршката од навивачите во градот во подножјето на Везув.
Наполитанците годинава се бореа за титулата, но неколку грешки на домашен терен ги чинеа да продолжат да бидат кандидати за титулата.
Пласман во Лигата на шампионите е обезбеден, но тоа очигледно не ги задоволи најжестоките симпатизери на Наполи кои сакаат да го видат заминување на Спалети.
Во последната акција му го нудат неговиот украден автомобил во замена за за да си замине од клубот. На транспарентот кој се појави пред стадионот во Неапол, бил испишан датумот на кражбата на „Fiat Panda“ на Спалети и пораката: „Спалети, ќе ти ја вратиме твојата Панда… ако си заминеш!“ Како потпис пишува „крадци“ .
Автомобилот на Спалети беше украден на 16 октомври минатата година пред хотел. Ветувачката сезона се претвори во разочарување за навивачите на наполитанскиот клуб, кои веќе го изразија тоа незадоволство во неколку акции. Меѓу нив беше и фрлање јајца кон автобус кој ги превезуваше играчите на натпреварот против Сасуоло.