Навивачите на ПСЖ жестоко го исвиркаа Рамос

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Во последниот натпревар од 30. коло на францускиот фудбалски шампионат, ПСЖ лесно се справи со Лориен победувајќи со 5:1. ПСЖ беше предводен од Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси до 21-та сезонска победа во лигата. Мбапе постигна два гола и три асистенции, Нејмар два, а Меси еден гол.

Иако екипата од главниот град на Франција игра одлично во првенството и суверено се движат кон новата шампионска титула, гневот на навивачите поради испаѓањето од Лигата на шампионите се уште не стивнува. Тоа на свој грб најмногу го почуствува Серхио Рамос, кој беше исвиркуван при секој допир на топката. Другите навивачи се обидоа барем малку да го смират гневот со овации, но не успеаја.

Рамос се врати по уште една долга пауза поради повреда, а на навивачите им е многу тешко што сопствениците на клубот решија да вложат пари во 36-годишниот стопер чии најдобри денови одамна поминаа. Шпански АС пишува дека вратата е отворена за Рамос и од следната сезона би можеле да го гледаат во новиот клуб.

„Сите сме погодени“, рече тренерот Почетино за свирежите, додавајќи: „Мислам дека тоа е фрустрација на навивачите поради резултатите, мислам дека тоа не е насочено против него, тој е голем шампион, заслужува почит како и сите играчи на Пари Сен Жермен“.

Слични содржини