Навивачите на Рома го „симнаа“ Дибала од летот за Саудиска Арабија: Аргентинецот ја одби прифатената понуда на Ал Кадисија

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Една од посилните трансфер саги летово заврши, но со неочекуван епилог, бидејќи Пауло Дибала во последен момент се премисли и на крајот ја одби веќе прифатената понуда на Ал Кадисија да ја напушти Рома и да му се приклучи на клубот од Саудиска Арабија за тригодишен договор вреден 75.000.000 евра.

И тоа под притисок на навивачите или трогнат од нивните молби да остане, како кој сака да го разбере и прифати пишувањето на италијанските медиуми за големиот пресврт и дека откако управата на „волчицата“ прифатила да го ослободи Аргентинецот за само 3.000.000 евра, иако клаузулата предвидува 12.000.000 за обесштетување.

„Во кампот во Тригорија се гушкаше и се збогуваше со соиграчите и тренерите, а имаше и солзи. Навивачите се собраа пред кампот и го молеа да остане. Се повеќе доаѓаа, додека нивните молби стануваа се погласни бројни на радио емисии и на социјалните мрежи, Дибала ги известил клубовите дека ќе земе неколку часа „тајм-аут“, за дефинитивно да одлучи што ќе направи. Ја одбра Рома, иако нема загарантирано место во тимот за оваа сезона“, пишува „Газета дело спорт“, а според изјавите на угледниот спортски журнал од Апенините, навивачите на Рома долго скандирале за да му се заблагодарат на Дибала пред куќата во која живее.

Дибала дојде во Рома летото 2022 година, откако Јувентус не сакаше да го задржи по седум долги години соработка и се што направи за „старата дама“. Оттогаш, аргентинскиот напаѓач одигра 78 натпревари, постигна 34 и асистираше за 18 гола.

Слични содржини