Наводите на Вуцас на маса на Судски совет

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Наводите на австрискиот амбасадор Георг Вуцас, кој вчера преку писмено соопштение до медиумите упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во земјава, ќе бидат истражувани од Судскиот совет.

„Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија.

Од работната средба произлезе заклучок, дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки. По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај, по што ќе продожи со преземање на конкретни дејствија за следењето на предметот, внимавајќи да не влијае на одлуките на судот“, се вели во соопштението на Судски совет.

Судскиот совет потсетува дека согласно Законот за судови, испитувањето и контролата на одлуките на пониските судови, ја врши повисокиот суд.

Слични содржини