Американскиот претседател Џо Бајден покажал непочит кон британскиот премиер Риши Сунак кога се сретнаа на воениот аеродром во близина на Белфаст, пишува „Дејли мејл“.
„Веднаш по слетувањето, американскиот претседател студено го поздрави, а потоа го оттурна премиерот, а многумина го сфатија тоа како навредлив дипломатски гест“, забележуваат британските новинари.
На видеото се гледа дека Бајден, по брзиот поздрав со Сунак, го турка британскиот премиер настрана за да го поздрави претставникот на кралот во округот Антрим, Дејвид Мекоркел, а потоа ја гушка американската амбасадорка во Велика Британија, Џејн Хартли.
🚨 | NEW: Joe Biden appears to push Rishi Sunak out the way to greet someone else as he lands in Belfast pic.twitter.com/A84zk6Idlm
— Politics UK (@PolitlcsUK) April 11, 2023
„Тоа требаше да биде посебен момент за Риши Сунак… Но, премиерот влезе во непријатна ситуација“, коментира британскиот весник.
Бајден од вторник е во четиридневна посета на Велика Британија. По средбата со Сунак во хотел во Белфаст во средата, Бајден се соочи со низа прашања од новинарите, наведе „Дејли мејл“.
Бајден истакнал дека „дошол овде да слуша“, одбележувајќи ја 25-годишнината од Договорот од Велики петок, мировниот договор што стави крај на децениското секташко насилство во Ирска.