Навроцки: Државните граници повеќе не се неповредливи, Полска е подготвена да ја брани својата територија

Полска секогаш ќе одговори соодветно и е подготвена да ја брани својата територија, изјави полскиот претседател Карол Навроцки за време на дебатата во Обединетите нации.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ОН

Полска секогаш ќе одговори соодветно и е подготвена да ја брани својата територија, изјави полскиот претседател Карол Навроцки за време на дебатата во Обединетите нации.

Во вторник, за време на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, тој нагласи дека Варшава не се согласува со провокациите на Москва против Полска и другите европски земји.

Во своето обраќање, Навроцки истакна дека светот целосно се променил откако започна руската инвазија на Украина и дека државните граници повеќе не се неповредливи, „а меѓународното право стана сугестија, а не правило“, пренесува агенцијата ПАП.