Назначен нов директор на Кардиохирургија на местото на д-р Јовев

од Nikola Popovski
720 прегледи

Доктор Марјан Шокаровски е нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, објавија од Министерството за здравство. Како што информираат, Шокаровски е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање и супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област.

Се додава дека е раководител е на оперативниот блок, ангажиран и како асистент на Медицински факултет-Скопје.

Според Министерството за здравство, тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси.

Шокаровски доаѓа на местото на хирургот Сашко Јовев кој беше разрешен од директорската функција од страна на министерот Фатмир Меџити поради, како што тврдеше министерот, утврдени злоупотреби со дежурства и евиденција.

Јовев истакнуваше дека е сигурен оти Меџити ќе ја поправи грешката. Тој истакна дека министерот нему лично не му се обратил во врска со понуда за советник во неговиот кабинет, но потенцира дека себе си се гледа во Клиниката, заедно со неговиот тим, со кој ќе постигнуваат уште поголеми успеси.

За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.

Слични содржини