Назначени нови координатори, заменици министри, директори и в.д директори на државни институции и на министерства

од Milan1
211 прегледи

Владините министри на последната седница донесоа одлуки за повеќе кадровски смени во државните институции и во министерствата. Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов е именуван од Владата за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Партијата на Трајанов лани излезе од коалицијата со СДСМ и на годинашните избори беше партнер на ВМРО-ДПМНЕ во коалицијата „Твоја Македонија“.

Лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева за Национална координаторка за реформи во високо образование. Наташа Котлар на денашната владина седница пак е именувана за в.д. директорка на Државен архив. Котлар е од истата партија како Грчева, а на локалните избори 2021 беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Центар.

Заменик на генералниот секретар на Владата ќе биде Хасим Муртезани, а Блерант Рамадани е именуван за Национален координатор за примена на нови технологии.

Фатон Фазлиу е именуван за в. д. директор на Управата за водење на матични книги, Африм Ќоку е именуван за в.д. директор на Државниот девизен инспекторат, Арсим Идризи за в. д. директор на Инспекторатот за употреба на јазиците, а Бехар Емини за в. д. директор на Фонд за осигурување на депозити.

За в. д. директор на Државен завод за статистика е назначен Дејан Станков. Афрона Вервизоли е именувана за в.д. главен ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помо. Неџмедин Садики на предлог на Министерот за енергетика, рударство и минерални суровини е именуван за в.д. директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви.

Маја Ковачева е именувана за в. д. заменик на директорот на Агенција за лекови и медицински средства. Бејтула Камбери е именуван за в.д директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Кујтим Ибиши е именуван за в. д. директор на Управата за финансиско разузнавање.

Башким Бакиу е именуван за в.д. директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје. Маре Богева-Мицовска на предлог на министерот за финансии, е именувана за в. д. директор на Биро за јавни набавки.

Игор Лазаревски е именуван за директор на Управата за хидрометеоролошки работи.

Наим Љамалари е именуван за в. д. заменик на директорот на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес

Никола Додов на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е избран за в. д. директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ за нов в. д. директор да го избере Ангеле Сотировским, а негов заменик е Мевлан Марина. За директор на ЈП „Стрежево Битола“ ќе биде поставен Сирија Рашиди.

На Наумче Мојсоски му се утврди престанок на функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт согласно закон, откако беше формирано Министерство за спорт на кое министер е Борко Ристевски.

Слични содржини