По претставувањето на новиот GranTurismo на почетокот на октомври, Maserati потврди дека неговата кабриолет верзија наречена GranCabrio ќе пристигне следната година.
Освен таа потврда, Maserati објави и неколку фотографии од прототипот GranCabrio кој се уште се наоѓа под маска.
Како и GranTurismo, GranCabrio ќе има 3,0-литарски твин-турбо V6 мотор (во верзии со 360 kW/490 КС и 600 Nm или 405 kW/550 КС и 650 Nm вртежен момент), како и електрична верзија Folgore со 560 kW/761 КС и 1350 Nm.
Внатре, очекувајте 12,2-инчна дигитална табла со инструменти и 12,3-инчен инфозабавен екран на допир, заедно со уште еден 8,8-инчен екран на допир.