НБ: Бруто надворешниот долг е 87,6% од проектираниот БДП

од Nikola Popovski

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, објавија од Народната банка.

Според него, на крајот на вториот квартал од 2021 година нето надворешниот долг изнесува 3.395 милиони евра (или 29,3% од проектираниот БДП), што претставува квартално зголемување за 107 милиони евра.

-Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг (од 60%), велат од Народната Банка.

Според нив, бруто надворешниот долг изнесува 10.159 милиони евра (или 87,6% од проектираниот БДП) и бележи квартално зголемување од 353 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.764 милиони евра (или 58,3% од проектираниот БДП) и забележаа зголемување од 246 милиони евра.

-Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 7.111 милиони евра, или 61,3% од проектираниот БДП за 2021 година и на кварта лна основа е зголемена за 162 милиона евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал, стои во соопштението на НБ.

Слични содржини