НБ: Годишен раст од 10,1% на вкупните депозити и од 6,4% на вкупната кредитна поддршка

од Nikola Popovski
245 прегледи

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.

-Годишниот пораст на кредитите од 6,4% е резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, се вели во најновиот извештај за монетарните движења на Народната банка.

Вчера Народната банка повторно ја затегна монетарната политика со сет на повеќе мерки. Основната каматна стапка се зголеми за 0,15 процентни поени и стигна до ниво од 6,30%, што е едно од највисоките изминатите години.

Слични содржини