НБА бомба: Харден најде нов клуб!

од Nikola Popovski

Според американските медиуми, Џејмс Харден се сели во Бруклин. Желбата на Харден се оствари и Хјустон Рокетс го трејдуваше.

Во замена за Харден, Хјустон го доби Карис Лаверт и четири пика од првата рунда, а Кливленд Кавалирс се вклучени во целата работа, како трет тим.

Така, покрај Лаверт, тие ги добија и Данте Егзам, Родион Курукс, а едно од четирите пика е и пикот на Кавалирс во 2022 година, што го добија од Милвоки Бакс.

Кавалирс ги добиваат Џерет Ален и Торијан Принс во овој трејд. Џејмс Харден, Кајри Ирвинг и Кевин Дурент се новата голема тројка на НБА лигата.

Слични содржини