Во знак на почит кон покојниот Бил Расел, лигата направи потег што досега не е виден. НБА го повлекува бројот „шест“ од употреба и повеќе нема да го користи ниту еден тим.
Тоа беше официјално потврдено во четвртокот, во спомен на Бил Расел, најголемиот победник во историјата на кошарката и во историјата на американскиот спорт.
Славниот ас на Бостон Селтикс почина овој август, а НБА смисли одличен начин да му оддаде почит на сето она што го направи во текот на неговата славна кариера, бидејќи со Бостон освои дури 11 шампионски титули, пренесува Мондо.
„Неспоредливиот успех на Бил Расел на теренот и неговиот активизам во борбата за граѓански права заслужуваат да бидат почитувани на уникатен и историски начин. Тоа што засекогаш ќе го повлечеме бројот „шест“ од сите НБА тимови, ќе гарантира дека славната кариера на Бил секогаш ќе бидат призната“, соопшти НБА комесарот Адам Силвер.