НБА ги продаде правата за 77 милијарди долари

од Vladimir Zorba
49 прегледи

НБА се согласи да ги продаде телевизиските права во следните 11 години на ESPN во сопственост на Walt Disney, NBC Universal во сопственост на Comcast и Amazon за 77 милијарди долари. Тој нов договор важи од сезоната 2025/2026.

Лигата ја одби и понудата на TNT, која е во сопственост на Warner Bros. Discovery, бидејќи била пониска од понудата на Amazon, па по повеќе од четири децении ќе престане соработката меѓу НБА и TNT.

„Овој нов глобален договор за медиуми со Disney, NBC Universal и Amazon ќе ја зголеми достапноста на НБА игрите за навивачите во САД и ширум светот. Овие партнери ќе ја дистрибуираат нашата содржина низ широк спектар на платформи“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.

Според новиот договор, Disney ќе емитува 80 натпревари од лигашкиот дел од сезоната, NBC Universal 100, а Amazon 75 натпревари.

Ексклузивен сопственик на правата за пренос на финалето на плејофот останува ABC, која ги има тие права од 2003 година.

Слични содржини