НБА ја казни Филаделфија со 50.000 долари поради Ембид

од Stefanija Kuzmanovska
453 прегледи

Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА) ја казни Филаделфија со 50.000 долари поради кршење на правилата на лигата.

Според НБА, Филаделфија не објавила навреме дали Ембид ќе учествува во третиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот против Мајами. 28-годишниот кошаркар ги пропушти првите два меча од серијата поради фрактура на десната орбитална коска.

Ембид играше со маска на лицето и заврши со 18 поени и 11 скока во победата на Филаделфија над Мајами со 99-77. Екипата на Филаделфија заостанува со 1:2 во полуфиналето.

Слични содржини