НБА ја одобри продажбата на Бостон Селтикс

Трансакцијата е проценета на 6,1 милијарда долари. НБА во соопштението наведува дека очекува трансакцијата наскоро да се затвори.

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Одборот на директори на НБА ја одобри продажбата на Бостон Селтикс на група предводена од управувачкиот партнер на „Симфони Технолоџис Груп“, Вилијам Чизхолм, објави ESPN.

Трансакцијата е проценета на 6,1 милијарда долари. НБА во соопштението наведува дека очекува трансакцијата наскоро да се затвори.

Групацијата на Чизхолм објави во март дека се согласила да го купи Бостон за најмалку 6,1 милијарда долари.