НБА играчите кои се позитивни на „Ковид-19“ сега имаат побрз начин да се вратат во игра, бидејќи лигата во понеделникот заврши важно ажурирање на своите здравствени и безбедносни протоколи.
Најголемата промена е што периодите на изолација за играчите кои се позитивни на тестот сега ќе бидат значително скратени – на шест од вообичаените 10 дена – под услов тие играчи да бидат асимптоматски и да ги исполнуваат другите стандарди за тестирање.
Екипите во понеделникот со писмо испратено од лигата беа информирани за новите протоколи, кои значително ќе го олеснат понатамошното функционирање на сите, бидејќи повеќето клубови се соочуваат со голем број заразени кошаркари.
Меморандумот беше испратен истиот ден кога Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги намалија границите на изолација за Американците заразени со коронавирус од 10 на пет дена.
Претставниците на ЦДЦ го направија овој потег, велејќи дека доказите покажуваат дека луѓето со коронавирус се најзаразни два дена пред и три дена по појавата на симптомите.
НБА, исто така, се потпираше на достапните податоци, кажувајќи им на тимовите дека ажурираните протоколи „одразуваат анализа на податоците од тестовите собрани од лигата и нејзините експерти за заразни болести и епидемиолози за време на пандемијата“.
Промените се направени во договор со Националната кошаркарска асоцијација (НБПА).