Американскиот кошаркар Џо Џонсон се врати во НБА лигата потпишувајќи десетдневен договор со Бостон Селтикс.
Џонсон моментално има 40 години, а последниот договор во најсилната лига на светот го имаше во Хјустон во 2018 година.
Американецот се враќа во Селтикси кои го драфтуваа пред 20 години, а на теренот се очекува да излезе ноќта меѓу среда и четврток кога неговиот нов тим гостува кај Кливленд.
Џо настапил на Ол-стар натпреварот седум пати, и има одиграно повеќе од 1.200 натпревари во текот на неговата кариера во НБА. Просечно постигнуваше по 16 поени, а покрај за Бостон и Хјустон играше и за Феникс, Атланта, Бруклин, Мајами и Јута.
Бостон моментално е деветти во Источната конференција со речиси 15 победи и 16 порази, но во моментов осум играчи се надвор од теренот поради болест и повреди.
Покрај Џонсон, Селтикси потпишаа и со Си Џеј Мајлс, исто така на десет дена.
НБА лигата последните денови е во големи проблеми поради откажувањето на натпреварите и зголемениот број на заразени со коронавирус.
Дуелите Бруклин – Портланд и Торонто – Чикаго се откажани бидејќи Нетси и Репторси немаат осум играчи на располагање.
Johnson — a seven-time All-Star — is 40 years old and hasn't played in the NBA since Houston in 2018. Iso-Joe is back. https://t.co/Zj0Mz3L69J
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) December 22, 2021
Фото: Tim Warner/Getty Images