НБА лигата нема да продолжи, вели Баркли

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Чарлс Баркли, смета дека сезоната во НБА лигата нема да заврши.

Чарлс Баркли е еден од најдобрите крилни центри, но и играчи на сите времиња, а едно време тој предизвика промена на правилата во НБА-лигата со цел да ја запре својата доминација.

Се работи за правилото на играчот да му биде забрането да го сврти грбот кон кошот 5 секунди.

Баркли сега беше гостин на подкастот на Ерни Џонсон и зборуваше за продолжување на сезоната во НБА лигата во Орландо.

„НБА лигата нема да продолжи, тоа е мое мислење. И, секако дека боли, затоа што знам дека многу луѓе ќе ги загубат своите работни места и проблемите се одвиваат еден по друг. Она што се случува во Флорида во моментов е едно од најлошите места во светот и таму имаме 22 НБА екипи. Едноставно не гледам како ќе се случи во наредните три месеци, тоа е невозможно“, рече Чарлс Баркли.

НБА лигата не се игра од 11 март, кога Руди Гобер, центарот на Јута Џез, се тестираше позитивен за коронавирус.

Слични содржини