Челниците во НБА лигата проучуваат опции што ќе им овозможат на тимовите да играат натпревари на отворено.
Пример дека ова е можно е НХЛ, каде со години се играат натпревари на отворено, додека бејзбол лигата направи чекор во таа насока со играта на „Полето на соништата“.
Вториот беше тоа што даде простор за дискусија за оваа идеја. Сепак, постојат неколку логистички пречки.
Најголемиот проблем е подлогата, без разлика дали станува збор за паркет и потенцијални проблеми со влага или бетон, на кој би било полесно да се дојде до повреди.
Низ историјата, четири предсезонски натпревари во НБА се играле на отворено. Феникс и Милвоки одиграа натпревар во бејзбол паркот во Порторико во 1972 година. Повеќе од три децении подоцна, Санс повторно учествуваше во експериментален натпревар против Денвер во 2008 година, а потоа против Голден Стејт во 2009 година и Далас во 2010 година.
Сите три натпревари се одиграа на тениските терени на Индијан Велс.