НБА Плејоф: Голден стејт и понатаму гази (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Хјустон го победи Далас во тексашката пресметка со 118-108, а предводеше Џејмс Харден со 24 поени и 11 асистенции, на првата ноќа од плејофот во НБА-лигата.

kari-so-new-orleans-615x400

Идентична реализација имаше и Дирк Новицки кај Далас, меѓутоа неговата помош од соиграчите беше нешто послаба. Хјустон водеше со 59-55 по две четвртини, а од третата сериозно тргна кон победата, па до крајот на мечот најблискиот резултатски контакт кој го издејтвува Далас беше шест разлика.

harden-hauard-hjuston-624x406

Најдобриот тим од основниот дел од сезоната, Голден стејт продолжи во фаворитски тренд и во плејофот, славејќи со 106-99 против Њу Орлеанс. Првите ѕвезди на екипите беа на ниво, Стеф Кари со 34 поени, а Ентони Дејвис со 35, меѓутоа разликата ја направија останатите стартери од тимот на Голден стејт. Тие постигнаа 94 од 106-те поени на вориорс, решавајќи го мечот уште по првиот дел кој заврши со 59-41.

 

За одбележување синоќа е камбекот на Дерик Роуз во еден плејоф натпревар првпат по три сезони и тоа со победа со 103-91 во првиот меч со Милвоки. Единствениот фаворит во плејоф-сериите кој не ја искористи предноста на домашниот терен беше Торонто, кој загуби од Вашингтон со 93-86 по продолженија, откако по четири четвртини важеше 82-82.

Овие серии се конференциски четвртфиналиња и се играат по принципот прв до четири победи.

Последни резултати

Торонто – Вашингтон 86-93 (82-82) 0-1

Голден стејт – Њу Орлеанс 106-99 1-0

Чикаго – Милвоки 103-91 1-0

Хјустон – Далас 118-108 1-0