НДП ќе му даде поддршка на Невзет Бејта од ДУИ во Гостивар

од desk2
78 прегледи

Националната демократска преродба (НДП), заедно со партијата Унитети на Гзим Острени, ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ДУИ во Гостивар, Невзет Бејта. Партијата ова го соопшти по одржаниот партиски состанок во Гостивар.

„НДП е дел од владејачката коалиција СДСМ, ДУИ и коалициската „Алијанса за Албанците“ (НДП и УНИТЕТИ) и оваа коалициона влада останува силна на крајот, дури и на овие локални избори, и покрај фактот дека еден од партнерите на оваа коалиција, ЛР-ДПА, одлучи да направи уште една коалиција, четврта по ред, која сè уште не е растурена од претходната коалиција“, стои како е од точките во заклучокот по одржаниот партиски состанок во Гостивар.

Од НДП пратеник во Собранието е Весел Мемеди, кој влезе како еден од тројцата на коалицијата „Алијанса за Албанците“.