„Не ѝ треба Тејлор Свифт“: Позната актерка откри како се чувствува Софија Вергара по разводот

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Актерката Софија Вергара и нејзиниот сопруг Џо Манџанело пред неколку месеци објавија дека се разведуваат по седум години брак.

Наведоа дека ќе останат пријатели засекогаш, а деталите од распадот на бракот не сакаа да ѝ ги објават на јавноста.

Колешката на Софија од „Modern Family“, Џули Боуен, сега откри како се чувствува актерката по нејзиниот развод.

„Нејзиниот Инстаграм ви кажува сè. Разговаравме и таа е одлично. Софија отсекогаш имала прекрасно семејство и пријатели околу неа“, изјави Џули за People.

 

„Не ѝ треба Тејлор Свифт да ја носи на натпревари. Добро е. Но, мило ми е што тие други девојки отидоа на натпревари со Тејлор. Посакувам да беше тука и за мене кога ми требаше“, се пошегува таа, алудирајќи на фактот дека актерката Софи Тарнер, откако објави дека се разведува со музичарот Џо Џонас, беше видена со Тејлор Свифт на натпревар, но и на ноќно излегување.

Софија и Џули ja снимаа „Modern Family“ цели 11 години, а и денес имаат одличен однос и секогаш се тука еден за друг.

„Софија отсекогаш била мој пример кога станува збор за тоа како да се поставите како жена, и тоа моќна. Секогаш мислев дека треба да се прави компромис околу тоа“, заклучила Џули за споменатиот медиум.

Слични содржини