Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, повика на обединување на т.н. Косово со Албанија. „Не бараме одобрување на Србија за обединување со Албанија“, нагласи Харадинај.
Харадинај изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не е поврзано со договорот што треба да се постигне со Србија, туку дека тоа е внатрешна одлука на Косово, објави приштински „Газета експрес“, а пренесува „Косово онлајн“.
Тој објасни дека Косово „треба да се обедини со Албанија на ист начин како што се случи со армијата, Трепча или одлуката за независност“.
Тој посочи дека „обединувањето со Албанија е поврзано со неколку настани“.
„Ако останат пречките поставени од Србија, но и дел од меѓународната заедница поврзани со нашето признавање или членството во НАТО, бидејќи безбедноста е приоритет, немаме друг избор освен да излеземе на референдум со Албанија“, рече Харадинај.
Тој истакна дека барањето за обединување со Албанија се разликува од барањето од минатото.
„Претходно се бараше Унијата да добие одобрение од Србија, сега не бараме одобрување од Србија“, нагласи Харадинај.
Тој додаде дека целта е унија со Албанија и дека институциите на Косово ќе продолжат да постојат.
„Државата Косово ќе биде во унија со Албанија. Сегашните косовски институции остануваат. Обврските на Косово дадени со Уставот остануваат, тогаш ќе има Устав на Унијата Косово-Албанија“, додаде Харадинај.
Според него, проектот „размена на територии“ не успеал.
Тој додаде дека доколку стане претседател ќе се најде друго решение, кое ќе се постигне со консензус меѓу институциите и партиите.