236
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не бил информиран за смена на директорот на Водовод, Златко Перински.
„Има зголемена наплата, зголемена добивка во споредба со неговиот претходник. Истовремено знам дека предлагаше неколку проекти, во делот на енергетската ефикасност за да бидат намалени расходите за електрична енергија уште пролетта 2022 година бидејќи антиципираше можни ризици на пазарот“, вели Мицкоски.