„Не е грешка туку предавство“: Вулин со жестотки критики за министерот Ѓуриќ поради српското „ЗА“ за европско-украинската резолуција за војната

од Nikola Popovski
173 прегледи

„Претставниците на Србија во Обединетите нации не посрамотија со својот глас. Не верувам во грешка бидејќи не постои тој Србин кој не би размислил два пати кога би гласал против Русија“, вака српскиот вицепремиер Александар Вулин го коментирал гласањето на Србија за усвојување европско-украинската резолуција на Генералното собрание на ОН.

„Не верувам во грешка, но верувам во предавство“, рекол Вулин во соопштението испратено до медиумите, додавајќи дека министерот за надворешни работи на Србија мора да ја преземе одговорноста за, како што вели, срамот што ни е нанесен и да ги сноси сите политички последици.

„Да одговораше затоа што се потпиша на истиот лист со т.н. Косово со сличен повод на не помалку глупавата резолуција во Швајцарија, немаше да се случи денешниот срам. Ова гласање е срам за кој треба да се одговара“, барал Вулин.

Како што рече, Србија гласал за европска резолуција со која се осудува Русија за војна за која ни Америка веќе не ја осудува.

„Благодарение на Александар Вучиќ, Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија, а денешниот срам не требаше да се случи“, истакнал Вулин.

Според него, Вучиќ постапил чесно и потврдил дека тоа не е став на Србија и дека тоа не е наша политика.

„Ова е гласање против Србија, против Србите и против Александар Вучиќ и неговата политика“, заклучи Вулин.

Колку за потсетување, Македонија, Унгарија и Белорусија беа единствените европски земји кои не гласаа „ЗА“ украинската резолуција со која се бара итно повлекување на руските агресори. Нашата земја гласаше „воздржано“. Македонија, заедно со Грузија и Израел беше коспонзор на другата резолуција, поднесена од САД, која не доби поддршка од Генералното собрание на ОН во оригиналната форма.

Слични содржини