Не е крај: Фалкао се враќа во Шпанија по осум години

од Nikola Popovski
283 прегледи

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао се согласи за соработка со Рајо Ваљекано, па по неколку години ќе ги смени клупските бои на Галатасарај.

Фалкао се договори со Галатасарај да ја прекине соработката, а Рајо обезбеди звучно засилување со неговото враќање во Ла Лига.

„Ел Тигре“ постигна 52 гола на 68 натпревари за Атлетико Мадрид, а оттогаш играше за Монако, Манчестер Јунајтед и Челзи. Замина во Турција пред две години и постигна 19 гола на 34 натпревари одиграни во Галатасарај.

Фалкао ја започна својата кариера во Ривер Плата, од каде што се пресели во Порто во 209 година. Оттаму, тој замина во Атлетико Мадрид во 2011 година за 40 милиони евра, а потоа две години подоцна се пресели во Монако.

Монако го позајми на Манчестер Јунајтед и Челзи за седум и седум и пол милиони евра, пред Фалкао, како слободен играч во 2019 година, да замине во Галата.

Тој стана слободен играч на 1 септември, така што немаше повеќе пречки за брзо и лесно постигнување договор со Рајо Ваљекано, иако условите од тој договор и должината на соработката со 35-годишниот напаѓач не се наведени.

Слични содржини