Не е монтажа: Ова е најширокиот автомобил на светот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Volkswagen во Кина го продава Lamando L, поспортска верзија на Jetta, бидејќи Arteon е поатрактивно издание на Passat. Lamando е промовиран како многу удобно семејно возило, но корисникот на TikTok @justinbuildcars смета дека тоа не е доволно.

Затоа решил да го преработи за да добие своевидно XL издание. Всушност, тоа е зголемување на 5XL, што сега е неговото официјално име. И да, овој автомобил навистина постои, што го потврдуваат и бројните видеа.

Автомобилот беше проширен од едната страна, но симетријата беше задржана. Единственото отворено прашање е како е дизајниран погонот. Судејќи според брзината со која се движи, тоа поглавје не е целосно апсолвирано, пишува „Index“.

Интересно е што автомобилот порасна исклучиво во ширина, речиси двојно повеќе. Од почетните 1831 mm, ширината на автомобилот порасна на помалку од три метри. Погледот во кабината открива дополнителни седишта, па сега капацитетот на кабината е осум лица. Сопственикот тврди дека десет луѓе без проблем „се вклопиле“ во кабината.

Терминот широко тело овде навистина добива ново значење. Како и да е, мора да се признае дека модификацијата е направена многу добро. Ќе помислите дека Lamando 5XL пристигнал директно од фабриката.

Слични содржини