Актерката Фелисити Хафман, која остана запаметена по улогата на Линет од серијата „Очајни домаќинки“, пред неколку години беше во центарот на скандал.
Фелисити, всушност, платила 15.000 долари за да го фалсификува приемниот испит на универзитетот на нејзината постара ќерка во 2017 година.
Тие пари му ги дала на чуварот Рик Сингер за да може да го намести приемниот испит. Сингер инаку заработувал со местење испити, земајќи големи суми пари од познати и богати родители.
Актерката била осудена поради тоа.
По единаесетдневна затворска казна, едногодишен надзор, забрана за напуштање на државата и 250 часа општокорисна работа, таа конечно ја отслужи целата казна во 2020 година.
Се пишуваше дека затвореничките во притворот во кој се наоѓала имале посебен начин на живот – будење во пет наутро, а активностите со кои можеле да се занимаваат се шиење, правење честитки или оригами, сликање или пеење.
Таа можеше да се види со својот сопруг Вилијам Мејси и нејзините две ќерки Софија и Џорџија за време на викендите.
„Нема оправдување за тоа што го направив. Сакам да им се извинам на ќерка ми, сопругот, семејството и образовната заедница за моето однесување. И особено сакам да им се извинам на студентите кои напорно работеа секој ден за да се запишат на факултет, како и на нивните родители кои се жртвувале многу за да ги поддржат своите деца“, изјави еднаш Хафман.
Судијката Индира Талвани рече дека верува дека Хафман ја презела одговорноста за нејзините постапки, но дека обидот да биде добра мајка не е оправдување.