295
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека не е паметно директорите да се мешаат во организирање на штрајкот, најавен за 11-ти април.
Според него, тие можат да добијат парична или затворска казна.
„Секој оној кој што ќе се обиде да попречи во организирање или спроведување на штрајкот, ќе подлежи на кривичниот законик каде се предвидени парични или затворски казни. Од оваа причина сметам дека во овој дел директорите да се мешаат во спроведување на штрајкот“, вели Неделков.