Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски уверува дека пописот ќе се спроведе во предвидениот период и дека не е планирано ново одложување на пописот во септември.
– Не е планирано ново одложување на пописот во септември .Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки.Затоа граѓаните од тој аспект треба да бида спокојни.Во септември времето е се суште убаво па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено.Очекуваме дека и поглем дел од граѓаните ќе бидат вакцинира.Од министерството за здравство семе информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бида вакцинирани, изјави Симевски.
Според веќе утврдената методологија пописот ќе се спроведува преку комбиниран метод, со користење претпописни бази на податоци од МВР, МИОА, Агенцијата за вработување, МОН, МТСП, Агенцијата за катастар и други државни институции. Во пракса тоа значи дека попишувачите кои ќе одат на терен, ќе користат лап-топ компјутери, кои ќе бидат поврзани на посебно развиена веб-апликација.