191
Предлогот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за парична награда од 15.000 денари за полицајците не е во склоп со барањето за ребаланс на буџетот.
– Предлогот не кореспондира со барањето на склопениот ребаланс пред два дена. Јас кажав дека Владата ќе се труди да најде начин сите кои заслужиле да ги награди и кажав дека во првите редови после здравствените работници, се и полицијата и армијата, пожарникарите и сите кои пожртвувано работат и дадоа максимум во справување со криза, рече Ангеловска.