Не е разумно да се одложи датумот на изборите во овој период, вели Пендаровски

од Nikola Popovski
365 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „200“ на Алсат М, оцени дека нема логика да се одложи датумот на изборите во овој период.

Според Пендаровски, закажување на датумот на изборите по шест месеци било неопходно заради формирањето на техничката Влада на сто дена пред изборите.

– И така влегуваме во изборна година, 12 април е само неколку месеци од редовниот термин за избори, и не можам да видам која партиска или државна логика, би барала тие избори да се изместат, вели Пендаровски.

Претседателот, исто така, посочува дека одложувањето би значело и поместувања на плановите на заедницата.

– Од она што го слушам, јас како политичар не можам да го тврдам, меѓутоа од она што го слушам од луѓе од бизнис заедницата, тие велат дека и онака кога веќе имаме закажано избори, практично тоа е изгубено време за нас, од аспект на очекувања, бизнис планови, инвестиции домашни и странски, меѓутоа, ако повторно се одложува тоа е дополнителен удар врз планирањата кои бизнис заедницата сака да ги направи, рече претседателот Пендаровски.

Слични содржини