Не е само Салах: Ливерпул го продолжи договорот и со капитенот

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Веста дека Мохамед Салах потпишал нов договор со Ливерпул ги воодушеви сите навивачи на „црвените“, а сега доаѓаат нови вести. Се е договорено околу продолжувањето на договорот и Вирџил Ван Дајк.

Капитенот на Ливерпул неодамна изјави дека се уште не знае што ќе биде со неговата кариера и каде ќе игра од следната сезона, а оттогаш преговорите со клубот од „Енфилд“ се движат во вистинска насока.

Ова е одличен ден за Ливерпул и неговите навивачи. Прво Салах го продолжи договорот до 2027 година, а сега се е подготвено истото да го направи и холандскиот стопер!

Ван Дaјк не крие дека сака да остане во Ливерпул, а разговорите за негово заминување се водат по заминувањето на Јирген Клоп. Не се знаеше дали Арне Слот во своите планови го има искусниот дефанзивец, но кој би немал таков играч.

Ван Дајк исто така ќе се обврзе на договор до 2027 година, поточно ќе потпише нов договор на уште две години со Ливерпул.

Слични содржини